Според податоците од Министерството за здравство, во државата досега вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани.
Со последните бројки од Министерството за здравство, барем една доза вакцина примиле 55% од населението над 40 години и 31% од населението од 18 до 39 години.
Оттаму додаваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, во тек е и теренска вакцинација, а граѓаните без закажан термин се вакцинираат во постојните вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18-годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.






