четврток, 7 мај 2026

Визија за нова брера, концепт кој ги одушеви љубителите на Алфа Ромео (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Повеќе од 15 години се чека наследникот на последното 2+2 купе од понудата на Алфа Ромео. Беше тоа моделот алфа ромео брера, по кој оваа емотивна марка на автомобили не понуди директен наследник, и покрај големиот интерес на следбениците.

Објавено на

часот

Сподели

Ако во меѓувреме недостигаше инспирација, едно решение се наметнува само по себе – автомобил како што е прикажано на овие скици. Станува збор за концепт потпишан од Луиџи Мемола, главниот дизајнер во компанијата ЕП.ТА дизајн Италија.

„Овој проект претставува скромен стилски омаж на еден од најважните модерни дизајни на марката Алфа Ромео, моделот алфа ромео брера, кој го осмисли легендарниот дизајнер Џорџето Џуџаро“, порачува Мемола.

Овој концепт не се појави случајно, туку е резултат на долгогодишна работа која ги поврзува наследството на марката, современите трендови и новите дизајнерски насоки. Седум години по дизајнерската вежба ЛЕА, Линеа емоционале аеродинамика, брера 2026 истражува како да се подобри препознатливата силуета на оригиналот преку модерни аеродинамични решенија.

Фокусот е ставен на зачувување на „скулптуралната“ маса на автомобилот, а во исто време се воведени поагресивни детали од јаглеродни влакна и технолошки понапреден светлосен потпис прилагоден на 21 век, истакнува Мемола.

Оваа дизајнерска студија повторно го осмислува едно од највпечатливите купеа на марката со препознатливиот знак Бишоне, спојувајќи ги скулптуралните форми со модерни аеродинамични решенија. Тоа е креативна визија која покажува како денес би можел да се развие еден од најпрепознатливите модели.

Концептот задржува одредени сличности со оригиналот, но страничниот поглед јасно покажува отстапување од малку несмасниот дизајн на сериската брера. Каросеријата изгледа пониска и поширока, со визуелно спуштено тежиште кое дополнително го нагласува спортскиот карактер.

Како што објаснува авторот, проектот е целосно создаден со дигитално моделирање и скицирање, без употреба на вештачка интелигенција.

Можеме само да се надеваме дека нешто слично ќе се појави на патиштата еден ден, бидејќи ова купе изгледа како природно продолжение на приказната што ја започна брера.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ