среда, 24 јуни 2026

Путин: НАТО се подготвува за војна против Русија

Западот, предводен од НАТО, активно се подготвува за војна против Русија, им кажа вчера рускиот претседател Владимир Путин на стотиците нови офицери на неговата земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Членовите на западната алијанса досега се ограничуваа на поддршка на Украина, кажа Путин.

Сега, како што рече, на Запад отворено се дискутира за подготовките за војна против Русија.

„Тие ги зголемуваат своите воени и офанзивни трошоци… За да ја оправдаат оваа милитаризација, земјите од НАТО и Европската Унија користат лажни тврдења за воена закана од наша страна“, нагласи рускиот претседател, според официјалниот транскрипт од говорот.

Речиси 40 проценти од руските буџетски трошоци моментално одат за војската, вооружувањето и безбедноста, истакнува агенцијата ДПА.

Сепак, според Путин, Москва се залага за мултиполарен систем на меѓународни односи кој ја гарантира воената безбедност на секоја држава.

„Истовремено, ние сме подготвени оперативно и соодветно да одговориме на сите надворешни и внатрешни закани“, предупреди 73-годишниот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ