среда, 24 јуни 2026

Истражување: Намалувањето на потрошувачката на месо може да ги спречи климатските промени

Високата потрошувачка на месо и млечни производи на Запад има значително влијание врз глобалното затоплување. Во документот, кој е дел од истражувањето за климатските промени, се наведува дека поефикасното користење на земјоделското земјиште може да ги намали емисиите на стакленички гасови и дека повеќе луѓе би можеле да бидат нахранети доколку се намали потрошувачката на месо и месни производи.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Не велиме дека сите треба да престанат да јадат месо, на некои места луѓето немаат избор. Но, јасно е дека на Запад го јадеме премногу“, вели екологот Пит Смит од Универзитетот во Абердин, пренесува Би-би-си.

Политиките на некои влади за одгледување дрвја, а потоа нивно горење за производство на електрична енергија, би можеле да го загрозат производството на храна поради ограниченото земјиште, освен ако не се спроведат во ограничен обем.

Улогата на почвата во климатскиот систем често се занемарува, но таа е втора најголема резерва на јаглерод диоксид (CO2) по океаните. Растенијата апсорбираат CO2 од атмосферата и го складираат во почвата, додека уништувањето на шумите и неефикасното земјоделство можат да ја оштетат способноста на нашата земја да ги регулира штетните гасови. Кога почвата е уништена, понатамошниот развој на растенијата е загрозен, а јаглеродот се ослободува во атмосферата како CO2.

Се очекува климатските промени да го забрзаат овој процес бидејќи високите температури го поттикнуваат распаѓањето на органската материја во почвата, со што се зголемуваат емисиите на штетни гасови.

Подоброто управување со почвата, вклучувајќи контролирано пасење на животни и садење дрвја, може да ја зголеми плодноста на почвата.

„Обработливите површини се уништуваат со прекумерна експлоатација, што ги влошува климатските промени. Почвата е дел од проблемот, но ако ја обработуваме поефикасно, таа може да биде и дел од решението за глобалното затоплување“, рече Смит.

Веќе е предупредено дека ограничувањето на глобалното затоплување е можно само со спроведување на „брзи, сеопфатни и невидени промени“. Според Парискиот договор од 2015 година, потписниците се обврзаа да го одржат зголемувањето на глобалната температура далеку под 2 Целзиусови степени, а најприфатлива цел е да се ограничи зголемувањето на 1,5 Целзиусови степени во споредба со нивоата од 19 век.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ