среда, 24 јуни 2026

Рации во Анкара пред самитот на НАТО, над 200 уапсени

Безбедносните сили во турската престолнина Анкара спроведоа обемни рации пред самитот на НАТО следниот месец, приведувајќи повеќе од 200 лица за кои се сомнева дека се поврзани со екстремистички групи, вклучително и Исламска држава, соопштија официјални лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сепак, некои медиуми објавија дека меѓу приведените има политичари и активисти, што предизвика обвинувања за произволни апсења. Американскиот претседател Доналд Трамп треба да им се придружи на другите лидери на 32-члената алијанса на самитот што ќе се одржи во Анкара на 7 и 8 јули.

Турските власти планираат строги безбедносни мерки за време на самитот, вклучително и забрана за протести и ограничување на пристапот до патиштата што водат до аеродромите, како и затворање на областа околу местото на одржување на самитот и хотелите каде што ќе престојуваат делегациите.

Владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја направи безбедноста приоритет, а властите редовно спроведуваат безбедносни операции. Минатиот месец безбедносните сили приведоа 324 лица осомничени за врски со Исламска држава во национална операција.

Турските обвинители вчера издадоа налози за апсење на 241 осомничен, а 209 од нив потоа беа приведени во полициски и жандармериски рации во областа на Анкара, според соопштението од Канцеларијата на државниот обвинител. Акциите продолжиле во текот на денот со цел да се пронајдат другите осомничени.

Меѓу приведените се 56 наводни членови на Исламска држава и 35 членови на Револуционерната народноослободителна партија/фронт, крајно левичарска организација позната по вооружени напади и атентати во Турција.

Независниот левичарски весник Биргун и други медиуми објавија дека меѓу приведените се политичар, ЛГБТК активист и најмалку тројца адвокати за кои се верува дека се блиски до левичарските групи. Ова предизвика загриженост дека властите би можеле да ги искористат безбедносните проблеми како изговор за да ги замолчат критичарите и да спречат евентуални анти-НАТО протести за време на самитот.

Исламска држава изврши серија смртоносни напади во Турција, вклучително и напад врз ноќен клуб во Истанбул за време на новогодишните прослави во 2017 година, во кој загинаа 39 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ