вторник, 23 јуни 2026

Почна евакуацијата низ Ормус, најголемата поморска операција од почетокот на војната

Во тек е планот за евакуација на стотици бродови со околу 11.000 морнари заробени во Персискиот Залив, кои треба да поминат низ Ормускиот теснец. Акцијата почна откако Иран и Соединетите Американски Дрќави постигнаа договор за прекин на огнот, објави денес поморската агенција на Обединетите нации, а пренесе Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Започнавме контакт со бродовите за да ја почнеме евакуацијата“, изјави портпаролот на Меѓународната поморска организација (ИМО) на ОН, без да даде прецизен распоред. ИМО соопшти дека ги обезбедиле потребните безбедносни гаранции и ги провериле условите за безбедна пловидба.

„Оваа голема операција ќе се спроведе во тесна соработка со Иран, Оман, сите други крајбрежни држави во регионот, САД и поморската индустрија“, изјави генералниот секретар на ИМО Арсенио Домингез.

Процесот на евакуација според планот на ИМО, кој се дискутира со месеци, ќе се одвива во фази, објави Министерството за одбрана на Оман. „Со оглед на зголемениот ризик од судири во сегашните околности, потребна е постепена и контролирана евакуација на бродскиот сообраќај“, се наведува во нивното соопштение.

Министерството на Оман наведува дека таканаречената шема за одвојување на сообраќајот „моментално не е безбедна за користење“ и дека за евакуација ќе се користат две привремени рути, северно и јужно од неа. „Страните кои ги координира ИМО ќе ги контактираат бродовите поединечно и ќе ги информираат за доделениот ден за транзит“, се додава во соопштението на министерството.

Споменатата шема, усвоена од ИМО во 1968 година, воспостави морски патишта низ иранските и оманските води во теснецот. Подводните мини се меѓу главните ризици во водите околу Ормус.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ