Откако се соочија со лавина критики по неочекуваното реми со ДР Конго, Роналдо и неговите соиграчи денеска покажаа сосема поинакво лице на теренот.
По само шест минути игра, капитенот ја затресе противничката мрежа и им донесе рана предност на Португалците од 1-0.
Десетина минути подоцна досуден беше слободен удар на околу 18 метри. Иако сите очекуваа Роналдо да го изведе, тој направи изненадувачки потег и му ја препушти топката на Мендеш, кој биеше прецизно за 2-0.
На пет минути пред крајот на првиот дел, Кристијано постигна уште еден гол за веќе недостижни 3-0, со што прашањето околу победникот практично беше решено.
Малку недостигаше Роналдо да комплетира хет-трик уште пред паузата, но неговиот прекрасен обид со лоб-удар беше расчистен од гол-линијата од страна на узбекистанската одбрана.
Четвртиот погодок беше автогол, откако Нематов во 60. минута несреќно си ја затресе сопствената мрежа за 4-0.
Точка на натпреварот и конечни 5-0 постави Рафаел Леао со својот гол во 87. минута од средбата.






