вторник, 23 јуни 2026

Едно од најголемите имиња добива голема улога во италијанскиот фудбал

Паоло Малдини е сѐ поблиску до враќање во италијанскиот фудбал.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од медиумите на Апенините објавија дека легендарниот капитен на „аѕурите“ веќе бил контактиран за висока функција во националниот тим.

Паоло Малдини е сериозен кандидат за позицијата технички директор на Италија и веќе имало првични контакти околу можната соработка. Веста доаѓа веднаш по изборот на Џовани Малаго за нов претседател на Италијанска фудбалска федерација. Малаго доби речиси 69% од гласовите и најави почеток на нов проект чија главна цел е враќање на Италија на победничките патеки.

Една од првите задачи на новото раководство ќе биде именување нов селектор и технички директор, а токму Малдини се наметнува како човекот кој би требало да ја води спортската стратегија на националниот тим.

Поранешниот капитен на Италија зад себе има богата функционерска кариера во Милан, каде беше дел од раководството кое го врати клубот во врвот и ја освои титулата во Серија А. Токму поради тоа неговото име се споменува како идеално решение за новиот проект на „аѕурите“. Доколку дојде до договор, Малдини би имал една од најважните улоги во реконструкцијата на италијанската репрезентација во периодот што следи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ