вторник, 23 јуни 2026

Во возило пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, двајца приведени

Полициски службеници синоќа лишиле од слобода две лица од Скопје, откако во возило кое го управувале и поседувале се пронајдени околу 90 пратки стока без соодветна документација, а возачот управувал без возачка дозвола.

Објавено на

часот

Сподели

„На улица ‘Јадранска магистрала’ во Скопје, синоќа околу 22:50 часот, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, извршиле контрола на патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И. (19) од Скопје. При контролата било констатирано дека во возилото се превезувала поголема количина разновидна стока без соодветна документација, односно околу 90 пратки со различни производи, спакувани во црни кеси. Исто така, било утврдено дека возачот не поседувал важечка возачка дозвола од Б категорија. Како сопственик на возилото бил затекнат Е.Ш. (20) од Скопје, по што двете лица биле лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка“ – соопшти Министерството.

Од МВР најавуваат дека за непоседување важечка возачка дозвола, против М.И. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а став 2 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ