вторник, 23 јуни 2026

Министерот Алиу и амбасадорот на ЕУ Рокас разговараа за реформите во здравството

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска остварил средба со амбасадорот на Европска Унија во земјава, Михалис Рокас, на која биле разгледани повеќе теми од заеднички интерес поврзани со развојот на здравствениот сектор.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата, како што соопшти Министерството за здравство, фокусот бил ставен на реформите во здравствениот сектор, европската поддршка и претстојното потпишување на договорот за учество на нашата држава во програмата EU4Health, што ќе се одржи утре во Брисел.

Од Министерството за здравство посочуваат дека пристапувањето кон EU4Health претставува значајна можност за унапредување на здравствениот систем преку европски програми, партнерства и експертиза во области како јавно здравје, превенција, дигитална трансформација, безбедност на пациентите и зајакнување на здравствените капацитети.

Министерството за здравство, како што се наведува во соопштението, останува посветено на усогласување со европските здравствени политики и на создавање посилен, поефикасен и подостапен здравствен систем за граѓаните. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ