Како што информира МВР, несреќата била пријавена во 15:45 часот во ОВР Прилеп и во неа учествувале три патнички возила – тојота со битолски регистарски ознаки, управувана од Д.Р. (24) од селото Мусинци, општина Могила, сеат со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од 54-годишната В.М. од Битола, и мазда со скопски регистарски ознаки, управувана од Г.М. (51) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М., додека со телесни повреди се здобиле нејзините сопатници С.В. (37), Н.В. (40) и двајца малолетници, сите од селото Возарци, кавадаречко, како и двајцата возачи Д.Р. и Г.М.
Повредите биле констатирани во Градската болница во Прилеп, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.






