понеделник, 22 јуни 2026

Македонската амбасада во Пекинг го освои дипломатскиот турнир во пиклбол

Совладувањето на тајните на пиклболот веќе не претставуваат никаков проблем за вработените во македоснката амбасада во Пекинг, Кина откако во саботата (20 јуни) во Пекинг, се одржа дипломатски турнир во пиклбол (нов спорт, комбинација меѓу тенис и пинг -понг) на кој учествуваа и претставници од македонската амбасада во Кина. Всушност, Борјан Зафировски, дел македонското дипломатско претставништво го освои првото место на турнирот на кој учествуваа дваесеттина странски амбасади во Пекинг.

Објавено на

часот

Сподели

Пиклболот е брз спорт кој има многу сличности со тенисот, бадминтонот и пинг-понгот. Се игра на рамно игралиште со весла со кратки рачки и перфорирана шуплива пластична топка која се фрла преку ниска мрежа. Натпреварите вклучуваат двајца противнички играчи (единечни) или два пара играчи (двојки), а спортот може да се игра или на отворено или во затворен простор.

Организатор на турнирот беше организацијата Сили роад ситис алајанс (Silk Road Cities Alliance), која организира настани поврзани со дипломатијата во контекст на кинескиот проект Патот на свилата.

Ј.П.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ