понеделник, 22 јуни 2026

Бернам најави кандидатура за наследник на Стармер

Британскиот лабуристички пратеник Енди Бернам изјави дека ќе се кандидира во трката за наследник на Кир Стармер на функцијата премиер.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој ја објави својата кандидатура само неколку часа откако Стармер најави оставка.

Стармер денеска соопшти дека се повлекува, наведувајќи дека е јасно оти неговата партија сака тој да ја напушти функцијата.

Тој посочи дека кандидатурите за негов наследник ќе бидат отворени од 9 јули.

„Прашањето што мојата партија сега го поставува е дали сум јас најдобрата личност да ја водам на следните општи избори. Го слушнав одговорот на мојата пратеничка група на тоа прашање и го прифаќам достоинствено“, изјави Стармер.

„Кир ѝ служеше извонредно на нашата земја и сакам да му се заблагодарам за лидерството и посветеноста во толку предизвикувачки период. Неговата одлука го означува почетокот на транзицијата и важно е тој процес да се спроведе уредно и одговорно. Ќе се кандидирам како дел од тој процес. Земјата очекува стабилност, сериозност и продолжување на фокусот на прашањата што се најважни – и токму тоа ќе го добие“, напиша Бернам на социјалните мрежи.

Тој додаде дека додека се движат напред, „наш приоритет мора да биде да работиме заедно за да ја вратиме земјата таму каде што сите сакаме да биде“.

„Луѓето сакаат да видат напредок во економскиот раст, трошоците за живот, јавните услуги, домувањето и можностите за следната генерација. Политичките промени никогаш не смеат да го одвлечат вниманието од одговорноста за подобрување на животот на граѓаните. Лабуристичкото движење отсекогаш било најсилно кога гледало напред со самодоверба и јасна цел. Така ќе продолжиме и понатаму и ќе се погрижиме оваа транзиција да биде позитивен процес на обнова за нашата партија и за нашата земја“, напиша Бернам.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ