Во четврток ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. А од петок следува период на претежно сончево и потопло време, кога дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во Скопје, во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност, проследена со дожд, грмежи и засилен северен ветер, краткотрајно во форма на невреме.
Од УХМР препорачуваат во случај на појава на електрични празнења поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.






