понеделник, 22 јуни 2026

Агенцијата Рејтинг стана ексклузивен партнер на лондонската Латента

По речиси две децении присуство на македонскиот и регионалниот пазар во истражувачката и комуникациската индустрија, агенцијата Рејтинг станува ексклузивен партнер на лондонската истражувачка компанија Латента (Latenta), со што станува една од ретките агенции во земјата која извезува комуникациски услуги кон глобални клиенти.

Објавено на

часот

Сподели

Оваа официјална соработка значи воведување на напредна бихевиорална наука во истражувањата – методологија која Latenta веќе ја применува за над 80 глобални брендови во повеќе од 34 земји низ Европа, Африка и Азија.

Традиционалните истражувања бележат свесни одговори. Latenta го прави спротивното, ги декодира несвесните двигатели на одлуките. Преку комбинација на бихевиорална психологија, маркетинг наука и вештачка интелигенција, компанијата гради прецизни профили на одлучување, вклучувајќи ги скриените вредности, мотивите, уверувањата, стравовите и надежите кои навистина определуваат зошто некој купува, гласа или останува лојален. Резултатот е математички точна формула за однесувањето, која е применлива веднаш.

Тимот на Latenta е рангиран меѓу топ 0,01% глобални истражувачки експерти. Нивното портфолио опфаќа стратешка сегментација на потрошувачи, оптимизирање на понуди, управување со бренд и репутација, зголемување на лојалноста, како и прецизно психолошко профилирање за изборни и јавни кампањи.

„Досега знаевме многу за тоа ‘што’ мислат луѓето. Со Latenta, за прв пат ќе знаеме и ‘зошто’ одлучуваат. За деловниот свет кој бара сигурност во стратегиите, тоа е фундаментална разлика“, изјави Никола Спасов, директор на агенцијата Рејтинг.

Партнерството меѓу Рејтинг и Latenta не е едносмерно. Агенцијата Рејтинг ќе дејствува и како стратешки ПР и дигитален комуникациски партнер на Latenta на меѓународно ниво,  поддржувајќи ја глобалната позиција на компанијата преку специјализирани комуникациски услуги.

Со тоа, Рејтинг станува една од ретките македонски и регионални агенции кои извезуваат стручна експертиза кон глобални клиенти – модел кој ја позиционира Рејтинг како агенција со вистински меѓународен дострел, соопшти агенцијата.

„Неколку години успешно соработуваме со Рејтинг на проекти во делот на комуникациите, односите со јавноста и дигиталните комуникации. Тимот има огромно знаење и искуство за големи меѓународни проекти на кои ние работиме и ова партнерство е исклучително важно за нас. Нашите услуги се целосно комплементарни и верувам дека ова партнерство ќе донесе голем успех за двете агенции“, рече Михајло Попеску, основач и директор на Latenta.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ