понеделник, 22 јуни 2026

УЕФА нема да воведе „паузи за реклами“ какви што има на Светското првенство

УЕФА нема да го следи примерот на ФИФА и нема да воведе задолжителни паузи за хидратација во своите натпреварувања, меѓу кои се Лигата на шампионите и Европското првенство во 2028 година.

Објавено на

часот

Сподели

Европската куќа на фудбалот ја потврди одлуката по бројните негативни реакции кои се појавија за време на Светското првенство, каде што ова правило веќе се применува.

Паузите за освежување беа воведени поради високите температури во летниот период и се предвидени околу 22. и 67. минута од натпреварот. Сепак, ФИФА реши да ги применува на секој меч без оглед на временските услови, што наиде на незадоволство кај дел од навивачите, особено бидејќи ситуацијата се искомерцијализира.

Во УЕФА сметаат дека ваквата практика не е неопходна за сите натпревари и засега нема планови за нејзино воведување во европските клупски и репрезентативни натпреварувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ