Зголемен е бројот на туристи од Македонија и регионот кои патуваат кон Халкидики и Переја. Применана на новиот систем за гранична контрола (EES) на Европската Унија и натаму ја забавуваат обработката на патните исправи и протокот на патниците на граничните премини кон Грција.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.






