понеделник, 22 јуни 2026

Трамп ја нападна Мелони: „Ги браниме со децении, а од нив ништо“

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата остро ја критикуваше италијанската премиерка Џорџа Мелони, обвинувајќи ја дека ги одбива американските барања за спречување на Иран да дојде до нуклеарно оружје. Трамп се огласи на својата социјална мрежа Трут соушл, а неговите изјави доаѓаат во време на сè позатегнати односи меѓу двајцата лидери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Откако потрошивме билиони долари за НАТО, Италија и нејзината премиерка дури ни не помислуваат да се вклучат во решавањето на проблемот со Исламската Република Иран и нејзината многу сериозна нуклеарна закана“, напиша Трамп.

„Ги браниме со децении, но кога ќе дојдат искушенија, ги нема да нè бранат нас и остатокот од светот. Тоа не е добро“, додаде тој.

Во последните денови реториката меѓу двајцата лидери дополнително се заостри. Мелони го обвини Трамп за „бесмислени“ и „постојани, неиспровоцирани напади“.

Спорот ескалираше откако Трамп тврдеше дека италијанската премиерка на неодамнешниот самит на Г7 во Франција повеќепати го молела за заедничка фотографија.

Трамп ја обвини Мелони дека ги игнорира американските интереси во напорите да се спречи Иран да развие нуклеарно оружје. Тој исто така го критикуваше Рим бидејќи не им дозволува на САД да ги користат италијанските воздушни бази и писти, што го опиша како „голема логистичка непријатност“.

Американскиот претседател нагласи и дека Вашингтон значително придонесува за безбедноста на Италија преку НАТО.

На крајот, Трамп тврдеше дека Мелони сега се обидува повторно да ги подобри односите со него откако САД, според неговите зборови, „воено го поразиле Иран“, поврзувајќи го тоа со нејзината позиција на домашната политичка сцена.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ