„Во пресрет на вечерашниот концерт, како што објави претседателката на Фејсбук, ја почувствував позитивната енергија и ентузијазмот што ги обединуваат уметниците од трите соседни земји околу едно од највпечатливите дела на класичната музик„Особен културен печат на настанот му даде настапот на младите хористки од музичкото училиште во Солун, со извонредната интерптетација на неколку грчки песни. На приемот присуствуваа и млади музичари од Кочани, кои веќе се закитиле со неколку награди за извонредното музицирање. Културната дипломатија е една од највредните инвестиции во добрососедските односи!“, посочува во објавата претседателката Сиљановска-Давкова.
Македонската филхармонија, Софиска филхармонија и Државниот симфониски оркестар на Солун вечер од 21 часот во Градскиот парк на концерт насловен „Филхармонија на отворено“ во Скопје ќе настапат со заедничкиот проект – музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која заедно ја изведоа и во Софија и Солун.
Концертот под отворено небо е бесплатен за посетителите. Го води диригентот Најден Тодоров, а солисти ќе бидат нашата сопранистка Ана Дурловски, тенорот Николас Спанос од Грција и баритонот Иво Јорданов од Бугарија.
На концертот ќе учествуваат и Националната опера и балет, хорот на Музичкото училиште во Солун и Детскиот хор „Пиколо“.






