сабота, 20 јуни 2026

Во изминатото деноноќие 12 лица лишени од слобода поради дрога

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ државата лишиле од слобода 12 лица, откако кај нив била пронајдена дрога.

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа во 22:00 часот во  гостиварското село Дебреше, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода Р.Д.(22), Д.Џ.(21) и А.С.(22), сите од Гостивар. При преглед на патничко моторно возило „фолксваген“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Д.Џ., во предниот дел од возилото била пронајдена марихуана.

Исто така, синоќа во 23:40 часот во Маврови Анови, на местото викано „Туристичко биро“, полициски службеници од Полициското одделение Маврово запреле патничко возило „сузуки“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(30) од Скопје, со престојувалиште во Маврови Анови. Во возилото како сопатник се наоѓал Т.А.(32) од Скопје. При прегледот, во ранецот на Е.С. била пронајдена марихуана.

Вчера во 13:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода О.Б.(26) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана.

Во 15:30 часот вчера на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Н.К.(18) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана.

Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 21:10 часот на подрачјето на Општина Аеродорм во Скопје го лишиле од слобода Т.Ј.(39) од Кавадарци, затоа што при извршен преглед над него, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја и марихуана.

Вчера во 17:45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ќ.Р.(33) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена марихуана.

Утринава во 00:10 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Џ.(36) од Скопје, затоа што при извршен преглед над него, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Во 02:15 часот, утринава во Градскиот парк на подрачјето на Карпош, од слобода бил лишен М.П. (19) од Република Србија, кај кого била пронајдена бела прашкаста материја.

Утринава во 01:20 часот, во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Р.Л.(51) со престој во Битола, откако при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.

Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ