сабота, 20 јуни 2026

Општина Пустец со еколошки акции ја чува животната средина

Општина Пустец реализира последователна еколошка акција со цел чиста и здрава животна средина, како дополнителен услов за зголемување на бројот на туристите кои ја посетуваат општината.

Објавено на

часот

Сподели

„Веќе стана традиција ние како локална власт во соработка со комуналното претпријатие,  да организираме акции за чистење на територијата на нашата преубава општина. Со тоа испраќаме порака за важноста на чистата околина, како за жителите така и за туристите кои се очекува да ја посетат нашата област“, рече градоначалникот Пали Колефски.

Посочи дека работниците на Јавното претпријатие за комунални услуги при Општина Пустец се реовно на терен и работат на чистење на јавните простори.

 

„Но, чистата средина е заедничка одговорност на сите, затоа апелирам до сите жители да придонесат за одржување на чиста и здрава животна средина.  Само заедно можеме да го одржиме Пустец чист и примамлив за секого“, апелира Колефски.

 

Додаде дека со подобрените услови, природните убавини и културно историските споменици,  со кои располага општината, и гостопримството по кои се познати Преспанци,  привлекуваат се поголем број туристи, нагласувајќи дека минатата година општината ја посетиле над 100 илјади туристи.

„Пустец станува се попривлечна дестинација, како за домашните така и за странските туристи, кои се почесто го Пустец и другите населени места, како своја дестинација. Станува атрактивна туристичка точка, не само поради природната убавина, туку и поради заштитените подрачја, уникатната флора и фауна, како и богатото историско и културно наследство што овој крај со гордост го чува“ посочи тој.

Како локална власт, додава, планираме понатамошни инвестиции за развој на туризмот во текот на целата година, преку комбинирани понуди со плажи во лето и активности на отворено во текот на другите сезони, искористувајќи го природното богатство, биодиверзитетот и културното наследство на Преспанскиот регион.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ