Според повеќе италијански извори, бразилскиот ас постигнал договор со италијанска Равена и на 46-годишна возраст повторно ќе истрча на теренот во официјални натпревари. Роналдињо ја заврши професионалната кариера пред повеќе од една деценија, а последен клуб за кој настапуваше беше Флуминенсе во 2015 година. Сепак, неговата љубов кон фудбалот очигледно не згаснала, па сега е подготвен за нов предизвик во Италија.
Бразилецот зад себе има една од најбогатите кариери во модерниот фудбал. Настапуваше за Гремио, Пари Сен Жермен, Барселона, Милан, Фламенго, Атлетико Минеиро и Керетаро, а со репрезентацијата на Бразил ја освои светската титула во 2002 година. Најголемите успеси ги оствари во дресот на Барселона, каде што беше лидер на тимот и двапати ја освои „Златната топка“.
Равена во моментов се натпреварува во Серија Ц и има амбиции за враќање во повисок ранг.






