По ремито во првото коло, Бразил ја оствари првата победа на Светското првенство откако го совлада Хаити.
Анчелоти овојпат во стартниот состав го стави Куња и тоа се покажа како вистински потег.
Токму со два негови гола Бразил дојде до водство од 2-0. Куња погоди во 23 и 36 минута.
Во судиското продолжение од првото полувреме реализираше и Винисиус Жуниор за конечни 3-0.
Победа од 1-0 забележа Мароко над Шкотска. Интересно за овој дуел е што единствениот погодок беше постигнат во втората минута, стрелец беше Саибари.
По две одиграни кола Бразил и Мароко имаат по четири бодови, Шкотска има три, а Хаити е без бодови.






