„Хезболах и Израел се согласија за прекин на огнот“, кажа функционерот, додавајќи дека преговарачите на Соединетите Американски Држави и Катар постигнале договор со помош на Иран.
Во синоќешните израелски напади во јужен и источен Либан загинаа 21 лице, а 39 се повредени, соопшти Бејрут, додека Израел пријави загуба на четири војници и се закани дека Хезболах ќе плати „многу висока“ цена.
Ова се најголемите и најсмртоносните напади од понеделник, кога беше објавен иранско-американски меморандум за разбирање, кој повикува на прекин на непријателствата, вклучително и во Либан, каде што се борат Израел и шиитското движење, сојузник на Техеран.
Либанскиот претседател Џозеф Аун ја осуди „опасната ескалација“ што „ги поткопува сите тековни напори за консолидирање на примирјето и прекин на војната“ во неговата земја.
Претходно, Иран ги осуди израелските напади врз Либан и предупреди за последиците врз регионалниот мир и безбедност, велејќи дека САД носат директна одговорност за оваа ситуација.
Повикувајќи се на меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран потпишан оваа недела, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багеј изјави дека крајот на војната во Либан е составен дел од договорот за прекин на непријателствата на сите фронтови и додаде дека Иран ќе преземе сите потребни мерки за да ги заштити своите интереси, безбедност и сојузници.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи го обвини денес Израел дека сака „трајна војна“ откако еден крајно десничарски израелски министер повика „да се запали сè“ во Либан по смртта на четворица израелски војници.
„Ова не е тирада на изолиран, луд геноциден сторител. Ова е јавна изјава на министерот за национална безбедност на израелскиот режим“, напиша Аракчи на социјалната мрежа Икс.
Аракчи додаде дека „овој геноциден култ, со седиште во Тел Авив, претставува закана за целото човештво (…) Неговата единствена цел е трајна војна“.
This is not a rant by a random genocidal lunatic. It’s a public post by the national security minister of the Israeli regime.
The genocidal death cult headquartered in Tel Aviv is a threat to all of humanity. It threatens all humans. Its only interest is permanent war. pic.twitter.com/7t5bcpafs0
— Seyed Abbas Araghchi (@araghchi) June 19, 2026






