петок, 19 јуни 2026

Израелски министер по смртта на војници: Цел Либан мора да гори

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир порача дека „цел Либан мора да гори“ откако израелската армија објави дека четворица нејзини војници загинале на југот на земјата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„За секоја солза на израелска мајка мора да плачат илјада либански мајки“, напиша Бен-Гвир во објава на социјалната мрежа Икс.

Израелската војска соопшти дека војниците загинале откако нивниот тенк бил погоден за време на операција во близина на местото Кфар Тебнит во јужен Либан.

Меѓу загинатите е и 32-годишниот потполковник Дор Гедалија Бен Симхон, командант на 52. баталјон на 401. оклопна бригада.

Инцидентот се случува само неколку дена откако американски и ирански претставници потпишаа почетен договор чија цел е ставање крај на конфликтот со Иран.

Според одредбите од привремениот договор, двете страни и нивните сојузници треба да ги прекинат сите воени активности, вклучително и оние во Либан.

„Со сета почит кон Американците, Израел мора јасно да му стави до знаење на целиот свет дека за крвта на нашите синови и безбедноста на нашите граѓани не може да се преговара. Цел Либан мора да гори“, порача Бен-Гвир.

Министерот и претходно предизвикувал контроверзии. Во мај објави снимка на која ги исмева активистите на меѓународната иницијатива „Глобал сумуд флотила“, кои се обидувале да достават хуманитарна помош во Појасот Газа.

На снимката се гледа како Бен-Гвир им се обраќа на приведените активисти и мавта со големо израелско знаме додека тие клечат со врзани раце.

„Добредојдовте во Израел, тука господари сме ние“, вели Бен-Гвир на видеото.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху тогаш изјави дека начинот на кој Бен-Гвир постапувал кон активистите „не е во согласност со израелските вредности и норми“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ