четврток, 18 јуни 2026

Уапсен скопјанец, се обидел насилно да влезе во два стана во Аеродром

Триесетгодишен скопјанец е лишен од слобода откако се обидел да влезе во два стана во скопската општина Аеродром. Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера попладне, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 30 годишниот А.А. постапувајќи по претходна пријава.

Објавено на

часот

Сподели

Според пријавеното,вчера околу околу 14 часот тој се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена, а потоа се обидел да влезе и во станот на нејзината 34-годишна сосетка. Жената успеала да го оттурне и да го спречи да влезе во станот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ