четврток, 18 јуни 2026

Иранскиот врховен водач ги поддржа директните преговори со САД

Иранскиот врховен водач, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, доцна вечерва во соопштение прочитано на државните медиуми ги поддржа директните преговори со САД, што претставува негова прва реакција на договорот постигнат меѓу Иран и САД за прекин на непријателствата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очигледно е дека директните преговори што ќе се одржат во иднина нема да значат прифаќање на ставовите на непријателот“, напиша врховниот водач.

Според новите информации од повеќе светски медиуми, првата јавна реакција на иранскиот врховен водач на договорот меѓу Иран и САД носи неколку дополнителни важни детали.

Хамнеи во писмено обраќање објавено преку државните медиуми соопшти дека го одобрил меморандумот за разбирање со САД, иако лично имал резерви кон него. Тој нагласи дека согласноста ја дал откако иранскиот претседател Масуд Пезешкијан и другите високи функционери го увериле дека ќе бидат заштитени интересите на Иран и на таканаречениот „Фронт на отпорот“.

Хамнеи истакна дека дипломатските разговори со Вашингтон не претставуваат отстапување од иранските позиции.

Ова е негово прво јавно обраќање по постигнувањето на договорот за прекин на непријателствата меѓу Иран и САД. Неговата изјава се толкува како официјална поддршка за продолжување на дипломатскиот процес.

Според Ројтерс, Хамнеи истовремено ставил до знаење дека Иран нема да прифати „прекумерни барања“ од американската страна и дека секој иден договор мора да ги зачува националните интереси на земјата.

Договорот меѓу Вашингтон и Техеран предвидува 60-дневен период на преговори за поширок пакет прашања, меѓу кои се иднината на иранската нуклеарна програма, санкциите и регионалната безбедност.

Американските и европските претставници ја оценија поддршката на Хамнеи како важен дипломатски сигнал, но истакнуваат дека остануваат значителни разлики околу конечниот договор и конкретните обврски што треба да ги преземат двете страни.

Врховниот водач се нема појавено во јавноста откако беше ранет во напад во почетокот на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ