„Велам дека ако другите земји ги имаат, би било малку неправедно ако тие ги немаат. Ако Саудиска Арабија, Катар и другите ги имаат, би рекол дека, до соодветна мера, тоа е во ред“, изјави Трамп пред новинарите во Париз.
Трамп кажа и дека Соединетите Американски Држави ќе ги задржат своите воени сили во Персискиот Залив „уште некое време“ откако Вашингтон постигна договор со Техеран за прекин на речиси четиримесечниот конфликт во регионот.






