„По целосно документирање на случајот, против Д.А. ќе биде поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираа од МВР.
Охриѓанец приведен поради нелегално поседување оружје и муниција
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го лишија од слобода 37 годишниот Д.А. од Охрид. При претрес во неговиот дом, извршен вчера врз основа на судска наредба, биле пронајдени и одземени еден револвер, две пушки, три рачни бомби, 22 куршуми со различен калибар, како и две најлонски ќеси со барут, кои лицето нелегално ги поседувало.

Објавено на
часот





