понеделник, 15 јуни 2026
Демир Далип

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Почнаа процесите на демаргинализација на Египќаните

Припадниците на автохтоната и автентична етничката заедница Египќани во Македонија, од осамостојувањето  на Македонија, но и пред тоа беа екстремно маргинализирана етничка заедница врз која се вршеше дискриминација, без можност за институционална интеграција и обезбедување на услови за достоинствено живеење.
Под такви околности Египќаните во Македонија беа (и, тој процес сѐ уште трае) предмет на  т.н. „тивка асимилација“ од одредени центри на политичка моќ. За волја на вистината, ниту Охридскиот рамковен договор, не ги донесе очекуваните резултати, бидејќи според духот и одредбите на тој договор, нема ниту еден деклариран, а вработен Египќанец/ка во државната или јавна администрација. Кога кон горенаведеното ќе се додаде и ноторниот факт дека последниот попис не ја одразува реалната слика на бројот на Египќани во Македонија (за што реагиравме на неправилностите и на официјалните бројки на пописот и истите не ги признаваме), доаѓаме до ситуација во која животот на обичниот Египќанец во Македонија стануваше сѐ потежок и  неподнослив.
Како екстремно ранлива и беспомошна етничка заедница, припадниците на истата не гледаа можност за еден пристоен и перспективен живот во Македонија, и многу образовани и млади кадри Египќани, својата шанса и можност за подобар живот ја гледаа во западноевропските држави, и многу од нив  заминаа во еден правец, за жал.
НГИ Коалиција на Египќани, која е во долгогодишна соработка со ВМРО-ДПМНЕ и е дел од коалицијата Твоја Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Проф.Д-р Христијан Мицкоски, вложи максимални напори да ја презентира и воедно да побара поддршка за излез од ваквата крајно неповолна состојба во која се наоѓаат Египќаните. За среќа наидовме на поддршка од претсеадтелот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски, но и од страна на градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков (во Охрид се сконцентрирани најголем број на Египќани во Македонија), како и од пратениците кои доаѓаат од Охрид, пред сѐ Сашо Донев, Лидија Петкоска, Грација Бакраческа.
Припадниците на етничката заедница на Египќаните се мирољубив, лојален и патриотски настроени граѓани, кои апсолутно одбиваат да бидат вклучени во одредени меѓуетнички или меѓународни спорови, и од таа гледна точка преферираат и потенцираат да се обединиме околу македонските национални интереси, како врвни приоритети за нашата заедничка, мултиетничка татковина Македонија, притоа силно да се солидаризираме со правата на доминантниот македонски народ и неговите интереси.
За Египќаните, влезот во Преамбулата на Уставот, отсекогаш бил легитимна цел, но  врвна цел се и ќе останат македонските национални интереси. Процесите околу промена на највисокиот правен акт, треба да се одвиваат внимателно, конструктивно и во интерес на врвните државни приоритети и вредности.
Таквата позиционираност на НГИ Коалиција на Египќани, нагласувајќи ја нејзината лојалност и конструктивност, како и државнотворен елемент, даде дополнителен мотив, Владата предводена од Премиерот Христијан Мицкоски, да превземе реални чекори кон демаргинализација и антидискриминација на припадниците на етничката заедница Египќани, отворајќи огромен простор за нивна институционална интеграција, со давање фер шанса и процес за просперитет на самата заедница на Египќаните.
Ваквиот простор, првенствено треба да се искористи во образовните процеси преку обезбедување на стипендии за учениците и студентите Египќани, во процесите на институционална интеграција и интегрирање во самите процеси на носење на одлуки. Во Охрид, тоа се реализира преку активно учество на советник-Египќанец кој беше на добитна комбинација на листа на Локалните избори 2025 гдина и преку партиципација на Египќаните во управни и надзорни одбори. Очекуваме, интегрирачките процеси да се ефектуираат и преку претставници на Египќаните во извршната власт и  вработувања преку правична застапеност, бидејќи како што напоменав Охридскиот рамковен договор како да не важеше за Египќаните!!!
Ценам дека Египќаните, иако навидум малку по број, сепак одиграа и одигруваат клучна улога околу обединување за македонскитре национални интереси, во исклучително тешки моменти низ кои поминува заедничката татковина Македонија, на која ѝ се наметнуваат непринципиелни и нерамноправни условувања. Колку внатре ќе бидеме пообединети околу виталните државни интереси, толку Македонија ќе биде посилна надвор, без мекотелни политичари со подвиткана кичма, и без визија за силна и стабилна мултиетничка Македонија!
Демир Далип,
лидер на НГИ Кoaлиција на Египќани

КОЛУМНИ

Бранко Азески

Нови инвестиции, нова регулатива, нови регионални иницијативи…

Александра Сабрас Апостолова

Континуитетот на поддршката e клучен предуслов за квалитетен живот на лицата...

Ристо Цицонков

Мaкедонски енергетски форум 2026. За кого?

Александар Стојановски

Време е да им го вратиме спортот на спортистите

Братислав Димитров

Последниот лет на Севда

Јове Кекеновски

Кој дел од Вториот протокол ѝ е нејасен на претседателката Сиљановска?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ