Ретка игра „Супер Марио Брос“ продадена за 3 милиони долари

Неотворен примерок од играта „Супер Марио Брос“ за конзолата НЕС, кој е наречен „најзначајната видео игра некогаш понудена на аукција“, беше продадена минатата недела за три милиони долари.

Фото: Пиксабеј

часот

Играта стоела недопрена во кутија во последните 40 години, заедно со конзолата од серијата НЕС Контрол Дек, во оригиналното пакување со зачувана пластика, пренесува Херитиџ аукшнс.

Она што ја прави оваа копија особено вредна е тоа што има недопрен сјаен печат, кој беше воведен во 1986 година кратко време пред Нинтендо да се префрли на пакување игри во фолија за складирање.

Денес постојат само три познати примероци од второто производство со оваа одлична налепница, а овој е најдобар од сите и е оценет со ПСА 9,6 А++.

„Оваа специфична верзија никогаш не се појавила на јавна аукција во запечатена состојба, што покажува колку е ретка“, се наведува во описот на Херитиџ аукшнс.

Бидејќи овие игри не беа заштитени со пластика, наоѓањето копија во толку добра состојба децении по објавувањето е вистинска реткост. Играта и конзолата со која била испорачана доаѓаат од тест-пазар во Лос Анџелес од раните денови на ширењето на Нинтендо во САД.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ