понеделник, 15 јуни 2026

Избегнувањето шеќер може да ги наруши цревата и метаболизмот

Ново истражување презентирано на годишниот состанок на Друштво за ендокринологија во Чикаго покажа дека целосното елиминирање на сахарозата од исхраната со малку маснотии може да има негативни ефекти врз здравјето на цревата и метаболизмот.

Фото: Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Истражувачки тим предводен од д-р Рашид Ахмад од Институтот за дијабетес Дасман во Кувајт следел две групи глувци во текот на 16 недели. Едната група била на исхрана со малку маснотии и сахароза, еден вид шеќер во исхраната, додека другата била на исхрана со малку маснотии без сахароза.

За време на експериментот, научниците ја следеле толеранцијата на гликоза, чувствителноста на инсулин, нивоата на метаболички хормони, составот на цревните бактерии и знаците на воспаление во дебелото црево и црниот дроб.

На крајот од истражувањето, двете групи имале приближно иста телесна тежина, но глувците без сахароза развиле послаба контрола на глукозата, инсулинска резистенција, нарушувања во цревната микробиота, воспаление на црева и промени поврзани со масна болест на црниот дроб.

Ахмад во соопштението изјави: „Целосното отстранување на сахарозата од исхраната со малку маснотии може неочекувано да го наруши здравјето на цревата и да предизвика воспаление и метаболичка дисфункција“.

Тој додаде дека резултатите покажуваат дека урамнотежената исхрана е поважна од исклучувањето на шеќерот.

Авторите нагласуваат дека заклучоците не можат да се толкуваат како повик за неограничено консумирање слатки. Проблемот, според студијата, се првенствено додадените шеќери во преработената храна и пијалаци, чие прекумерно внесување го зголемува ризикот од висок крвен притисок, хронично воспаление, расипување на забите, зголемување на телесната тежина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Препораката на Американската асоцијација за срце останува дека мажите дневно треба да внесуваат најмногу девет лажички додаден шеќер, а жените шест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ