Според полицијата, при контрола во автобус со турски национални ознаки, во кој се превезувал уапсениот, во неговиот багаж биле пронајдени повеќе парчиња текстилна стока од различни брендови за која не поседувал соодветна документација. Лицето е предадено во СВР Куманово и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полицијата уапси Косовец, се обидел да прошверцува брендирана гардероба
Вчера рано наутро, на автопатот Куманово – Скопје, во село Романовце, кумановско, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки во Одделот за гранични работи и миграции при Бирото за јавна безбедност (БЈБ) го лишиле од слобода М.М. државјанин на Косово, информираше МВР.

Фото: Архива
Објавено на
часот





