недела, 14 јуни 2026

СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото

Кризата со откупот на млеко се зголемува, а премиерот Христијан Мицкоски нема пари за земјоделците, обвини денеска на прес-конференција, Александар Димитриевски од Комисијата за земјоделство на СДСМ

Објавено на

часот

Сподели

Димитриевски уште обвини дека додека Мицкоски го штити министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски сточарите се во тешка криза.

„Сточарството буквално се распаѓа. Откупот е намален и со понижувачка откупна цена од едвај дваесетина денари за литар млеко. Во исто време, цените на млекото и млечните производи во маркетите растат. Некој прави огромни профити врз грбот на земјоделците“, рече Димитриевски.

Дополнително, кажа тој, доцнат субвенциите за добиток и премиите за млеко и праша каде се парите за земјоделците.

„СДСМ бара итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото и посебна мерка за поддршка на производителите на кравјо млеко преку интервентната програма. Ова што се случува е недозволиво! Мицкоски го уништи земјоделството. Субвенциите се намалени за 40 милиони евра, откупот е намален за 46 проценти, а земјоделците се оставени без заштита и без перспектива. Хаосот е насекаде – кај сточарите, градинарите, оризопроизводителите, овоштарите и пчеларите. Сите се соочуваат со исти проблеми, ниски откупни цени, неисплатени субвенции и несигурен пласман. Го прашуваме Мицкоски зошто нема мерки за млекото, оризот, доматот и пиперката? Зошто доцнат субвенциите? Затоа што, како што рековме нема пари во буџетот за земјоделците заради криминални тендери“, обвини Димитриевски на денешната прес-конференција.

Поради сето ова, Димитриевски од името на СДСМ побара, итна интервенција за обезбедување непречен откуп на млекото.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ