недела, 14 јуни 2026

Трамп: Иран само што се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, денес изјави дека Иран „тукушто се согласи“ никогаш да не поседува нуклеарно оружје.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го имала, патем, ја имаме и Исламската Република Иран која само што се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Ормускиот теснец наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на својата мрежа Трут соушл.

Тој додаде дека цените на бензинот нагло ќе паднат, куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација.

Трамп во саботата објави дека денес треба да се потпише нов договор меѓу Вашингтон и Техеран и оцени дека документот ќе го спречи Иран да се здобие со нуклеарно оружје, најавувајќи дека по неговото потпишување, Ормускиот теснец ќе биде отворен за меѓународен сообраќај.

Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) синоќа објави дека договорот меѓу Иран и САД нема да биде потпишан денес, отфрлајќи ги претходните тврдења на американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека неговото инсистирање на тој рок претставува притисок врз иранскиот преговарачки тим.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ