сабота, 13 јуни 2026

Три грабежи за една ноќ во Скопје и Штип, нападнати граѓани, одземени велосипед, пари и накит

Три одделни случаи на разбојништва и грабежи се пријавени во текот на изминатата ноќ во Скопје и Штип, при што напаѓачите одзеле велосипед, пари, лични документи, прехранбени производи и накит.

Објавено на

часот

Сподели

Во СВР Скопје, 38-годишен жител на Пробиштип пријавил дека непосредно пред полноќ на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три машки лица. Според пријавата, напаѓачите му одзеле велосипед и паричник во кој имало пари и лични документи. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во Штип, 20-годишен жител на општина Карбинци пријавил дека на паркинг-простор во градот бил физички нападнат од едно лице, кое му ги одзело прехранбените производи што претходно ги купил. За случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, а во тек се активности за пронаоѓање на сторителот.

Во уште еден инцидент во Штип, во семејниот дом на 62-годишна жена влегло лице кое ја нападнало со метален предмет и ѝ одзело накит. За настанот е известен јавен обвинител, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот и откривање на сторителот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за расветлување на трите случаи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ