Компанијата Јунитри Роботикс неодамна го претстави хуманоидниот робот Р1 по почетна цена од околу 3.430 евра, што го прави најевтиниот модел на компанијата досега, пренесува Чајна дејли.
Ноетикс Роботика го лансираше роботот Буми за 1.280 евра, додека Бустер Роботика ја претстави серијата К1 со почетна цена од 3.820 евра.
Падот на цените ја зафати и индустријата за индустриски хуманоидни роботи.
Моделот Т1 на компанијата Астрибот се продава по почетна цена од 11.500 евра, што претставува значително намалување во споредба со периодот кога ваквите роботи се продаваа за неколку стотици илјади евра.
Експертот за интернет економија Гуо Тао изјави дека зголеменото производство и поголемиот обем на испорака им овозможиле на компаниите да ги распределат трошоците за истражување, развој и производство на поголем број единици, значително намалувајќи ги трошоците по производ.
Според процените на индустриската платформа ГГИИ, испораките на хуманоидни роботи во Кина достигнале 14.400 единици во текот на 2025 година, додека производството во 2026 година би можело да надмине 100.000, па дури и 200.000 единици.
Растечкото значење на секторот привлече и производители на автомобили.
Компании како што се Тесла, Мерцедес-Бенц, Чанган, САИК, ИксПенг и ГАК веќе развиваат или поддржуваат проекти за хуманоидни роботи преку свои програми, партнерства или заеднички вложувања.
Аналитичарите проценуваат дека понатамошното намалување на цените и зголеменото производство би можеле да го забрзаат преминот на хуманоидните роботи од индустриски апликации кон поширок пазар и секојдневна употреба.






