петок, 12 јуни 2026

Приведен штипјанец, го фатиле како потпалува сува трева на туѓ имот

Полициски службеници од СВР Штип вчера лишиле 25 годишен жител на селото Долни Балван кој бил затекнат  како потпалува сува трева покрај магистрален пат Штип – Кочани во атарот на селото Долни.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Министреството за внатрешни работи, вчера во 12:30 час во село Долни Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.С. од Штип.

„Тој бил затекнат околу 12 часот како пали сува трева помеѓу пат и нива, сопственост на С.З. од Штип покрај магистралниот пат Штип – Кочани во атарот на селото Долни. Притоа била опожарена сува трева и една бала детелина сопственост на С.З.“, пишува во соопштението.

Од МВР информираат дека известен е јавен обвинител и по целосно документирање расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ