Во Торонто, домаќинот Канада ќе го има своето мундијалско деби против Босна и Херцеговина во рамки на групата Б. Канаѓаните ќе се обидат со победа да го започнат настапот пред своите навивачи, додека Босанците посакуваат успешен старт на најголемата фудбалска сцена.
Неколку часа подоцна, во Лос Анџелес ќе се одигра натпреварот меѓу САД и Парагвај од групата Д. Американците како еден од домаќините се под голем притисок да стигнат до трите бода на отворањето, но Парагвајците сигурно нема лесно да се предадат.
Денешна програма на СП 2026:
21:00 Канада – Босна и Херцеговина
03:00 САД – Парагвај
Двата натпревара се од првото коло од групната фаза на Светското првенство кое се одржува во САД, Канада и Мексико.






