петок, 12 јуни 2026

Јужна Кореја со драматичен пресврт ја фрли Чешка на колена (ВИДЕО)

Јужна Кореја на најдобар можен начин го означи стартот на Светското првенство, откако во еден исклучително драматичен натпревар славеше над Чешка со 2-1.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако до триумфот мораа да дојдат по потешкиот пат, Азијците беа доминантниот тим на теренот и апсолутно ги заслужија трите бода. Првото полувреме помина во знакот на нивните напади и постојан притисок, но иницијативата остана неискористена бидејќи Сон не успеа да реализира колосална шанса за водство.

Казната за промашеното стигна. Тоа се случи во 59. минута кога Чесите го искористија својот момент – Цоуфал упати одлична топка, а Крејчи со глава го матираше корејскиот голман за изненадувачка предност од 1-0.

Сепак, Корејците не дозволија паника во своите редови и брзо возвратија. Нецели десет минути подоцна, во 67. минута, Хванг Ин-Беом повлече мајсторски потег и со фантастичен лоб-удар го израмни резултатот на 1-1.

Следуваше вистинска драма. Во 77. минута среќата ѝ го сврте грбот на Чешка. Европската селекција прво се израдува на нов гол преку Соучек, но истиот брзо беше поништен поради офсајд. Речиси во следниот напад, следеше целосен шок – „џокерот“ од клупата Хион Гуи стрелаше прецизно за 2-1, комплетирајќи го големиот пресврт на својата репрезентација.

Со оваа пресметка се заокружи првото коло во рамките на Групата А, каде Мексико и Јужна Кореја ја оправдаа фаворитската улога на стартот. Во следната рунда, овие две победнички екипи ќе се судрат во дерби за лидерската позиција, додека Чешка и Јужна Африка ќе бидат под императив на победа во нивниот директен дуел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ