Во Скопје, променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, во делови од котлината повремено силен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 22 до 30 степени. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.






