четврток, 11 јуни 2026

Во Софија заедничко читање на македонска и бугарска поезија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија од денеска до 13 јуни ќе се одржи 16. Македонска книжевна визита – манифестација со мисија за афирмација на современата македонска литература во Република Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели.

Објавено на

часот

Сподели

На програмата на манифестацијата се заедничко читање на македонска и бугарска поезија, со учество на најистакнати имиња на поетската сцена од двете земји, книжевен портрет на истакнатиот македонски автор Јовица Ивановски, како и посета на куќата за литература и превод во Софија.

„Во изминатите петнаесетина години во организација издавачката куќа ‘Макавеј’ и МКИЦ во Софија беа одржани 15 изданија на Македонската книжевна визита на која учествуваа деведесетина македонски поети, научници, писатели и публицисти (меѓу кои и академик Матеја Матевски, академик Гане Тодоровски, академик Ташко Георгиевски, академик Луан Старова, акaдемиците Али Алиу, Катица Ќулавкова, Митко Маџунков, Ристо Василевски, и Мето Јовановски, Драги Михајловски, Илија Велев,  Ангелина Бановиќ – Марковска, Блаже Китанов, Трајан Петровски, Ристо Јачев, Иван Чаповски, Санде Стојчевски, Веле Смилевски, Милован Стефановски, Стојан Тарапуза, Раде Силјан, Весна Ацевска, Бранко Цветкоски, Братислав Ташковски, Гордана Михаилова – Бошнакоска, Кристина Николовска, Паскал Гилевски, Вера Чејковска, Славе Ѓорѓо Димоски, Борче Панов, Кире Неделкоски, Јовица Тасевски – Етернијан, Жарко Кујунџиски, Иван Антоновски, Трајче Кацаров, Игор Исаковски, Марта Марковска, Владимир Илиевски, Марина Мијаковска, Душко Крстевски, Наташа Сарџоска, Митко Гогов и други… како и редица врвни бугарски писатели, есеисти, преведувачи и публицисти, велат од МКИЦ Софија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ