Кавадаречкиот клуб го потврди Богатинов и најави високи амбиции за следната сезона.
„Со големо задоволство му посакуваме Добредојде на Оливер Богатинов во ГФК Тиквеш 1930.
Постигнавме договор за двегодишна соработка со тренер чие искуство, професионален пристап и кариера изградена во високо конкурентни фудбалски средини претставуваат значајно засилување за нашиот клуб.
Ова не е одлука донесена за краткорочен успех, туку чекор кој целосно се вклопува во нашата долгорочна визија: развој на млади играчи, модерен фудбал и создавање стабилен и препознатлив клуб на европската сцена.
Веруваме дека заедно започнуваме ново поглавје исполнето со амбиција, развој и напредок.
Неговото назначување е јасен показател за амбициите и стандардите што ГФК Тиквеш 1930 ги поставува за својата иднина“, стои во соопштението.






