„На 08.06.2026 во 13:50 часот, Полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Б.Т.(33) од село во општина Карбинци. Тој се сомничи дека во периодот од јануари до март 2026 година, додека престојувал во домот на едно семејство во светиниколско село, вршел полови дејствија, ја соблекувал и допирал по телото нивната малолетна ќерка, при што ѝ пренел и заразна болест, што е потврдено од Институтот за судска медицина Скопје при преглед на детето и на него“, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Осомничениот е задржан во полициска станица, се додава во соопштението, и против него е поднесена кривична пријава за „силување дете кое не наполнило 15 години“ по член 188 и за „пренесување заразна болест“ по член 205 од Кривичниот законик.






