Името го добило по супстанцата што ја содржи – натрон, мешавина од натриум карбонат и натриум бикарбонат. Алкалноста на водата варира од pH 9 до pH 10,5, додека нејзината температура достигнува 60 Целзиусови степени.
Натрон го нарекуваат и „езеро на мумиите“ или „езеро на смртта“ поради она што им се случува на животните што паѓаат во него. Токму ова е мрачната тајна на која британскиот фотограф Ник Брант ѝ го посветил своето време.
Тој објави фотографии од птици и лилјаци кои паднале во езерото и се претвориле во камен!
Како е ова можно? Особено кога знаеме дека Натрон ги привлекува фламингата како место каде што се парат, додека водата е дом на ендемски вид риба, Тилапија алкалика.
Експертите објаснуваат дека суштествата кои не се навикнати на специфичниот состав на езерото (длабоко три метри) паѓаат во него, по што нивното тело – или поточно нивниот скелет – акумулира натриум карбонат.
Супстанцата натрон, која се користела за мумификација во антички Египет, го спречува распаѓањето на телото. Како што нивото на езерото се намалува, труповите се исфрлаат на брегот во неверојатно добро сочувана состојба.
Ник Брант ги фотографирал, а фотографиите биле објавени во книгата „Низ украдената земја“.
Позната туристичка атракција
Треба да се напомене дека во близина на езерото се наоѓа вулканот Ол Доинџо Ленгаи, кој излива натриум карбонати во водата (наместо силикати).
Езерото секоја година го посетуваат туристи од целиот свет, а се советува да се избегнува капење во него поради можни изгореници.
Исто така, водата може да биде опасна ако се пие поради хемикалија што ги оштетува клетките и нервниот систем.






