Светскиот шампион во Формула 1 беше најбрз на патеката „Хунгароринг“ и стигна до триумф пред летната пауза во овој спорт. На втората позиција се пласира Макс Верстапен кого го погледна среќата во финишот.
Третопласиран заврши лидерот во поредокот Кими Антонели, а по него следуваше дуото на Ферари. Иако Луис Хамилтон беше пред Шарл Леклер, на крајот поради казната тој падна на петтото место. Во топ десет беа уште Исак Хаџар, Џорџ Расел, Лиам Лосон, Нико Хулкенберг и Арвид Линдблад.
На паузата лидер во поредокот е Кими Антонели со 219 поени, па следува Луис Хамилтон со 169, Џорџ Расел со 160 и Шарл Леклер со 138. Кај конструкторите водечки е Мерцедес со 379, а Ферари има 307.





