Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и извршиле увид, при што било констатирано дека станува збор за стари и кородирани гранати со должина од околу 25 сантиметри и пречник од околу седум сантиметри.
За пронајдените експлозивни средства била известена Дирекцијата за заштита и спасување, која ќе преземе понатамошни активности согласно процедурите за безбедно отстранување.





