недела, 26 јули 2026

Шестмина ќе одговараат, претепале осум луѓе меѓу нив и деца, грабнале жена, нападнале полицајци

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против Б.Д., Т.Ј., С.Д., В.М., Г.Т. и М.Т., сите од струмичкото село Просениково, поради основано сомнение дека сториле кривично дело насилство. Дополнително, против Т.Ј. и Г.Т. е поднесена пријава и за кривично дело противправно лишување од слобода, додека Б.Д. се товари и за кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

Објавено на

часот

Сподели

Според полицијата, на 24 јули 2026 година, околу 21:20 часот, пријавените насилно влегле во домот на К.Ѓ. во селото Сарај, струмичко, каде што физички ги нападнале К.Ѓ., З.Ѓ., Р.Ѓ., В.Ѓ., Б.М., Б.Ѓ. и две малолетни лица, нанесувајќи им телесни повреди.

Во текот на инцидентот, Т.Ј. и Г.Т., според сомневањата, се обиделе против нејзина волја да ја одведат Р.Ѓ.

При интервенцијата на полицијата, Б.Д. агресивно се однесувал кон полициските службеници кои постапувале по случајот и физички нападнал двајца од нив.

Осомничените биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

За време на настанот, К.Ѓ. излегол на терасата од куќата и со ловечка пушка испукал два истрела во воздух. По целосното документирање на овој дел од настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ