Одговарајќи на новинарско прашање за намената на средствата, Мицкоски посочи дека не станува збор само за позајмица од М-НАВ.
„Не се само од МНАВ, таму имаме средства и од Лотарија, МЕПСО и сопствени средства на ЈПДП. Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите и истите тие средства во август ќе бидат вратени на компаниите“, рече Мицкоски во одговор на новинарко прашање по увид на градежни активности на изградба на клучката Момин Поток.
Тој нагласи дека станува збор за постапка која и претходно била применувана.
„Се прави вообичаена процедура што многу пати во минатото се правела. Во август тие средства ќе бидат вратени и кај МНАВ, и кај Лотарија и кај МЕПСО“, изјави премиерот.





