недела, 26 јули 2026

Израел блокираше село на Западниот Брег по оружен судир меѓу жителите и доселеници

Израелските сили уапсија неколку десетици Палестинци во едно село во близина на градот Наблус на окупираниот Западен Брег, еден ден откако четворица Палестинци и двајца Израелци загинаа во оружен судир меѓу еврејски доселеници и палестинските жители, објави Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Палестинските власти на Западниот Брег соопштија дека оружениот судир во петокот започнал кога доселеници нападнале земјоделци во селото Тал, југозападно од Наблус.

Израелската војска првично ги опиша еврејските цивили вклучени во судирот како планинари, пред подоцна да признае дека дел од нив биле вооружени и да соопшти дека двете страни отвориле оган, а војската пристигнала дури потоа.

Меѓутоа, снимките објавени на социјалните мрежи прикажуваат хаотичен судир меѓу жители на селото и голема група Израелци, од кои дел биле вооружени, при што на снимките се гледаат и израелски војници. Се гледа како најмалку двајца Израелци туркаат Палестинци и ги удираат со кундаци од пушки, по што еден Палестинец, кој им го одзел оружјето, бил убиен.

Ројтерс не можел независно да ја потврди автентичноста на снимката.

Судирот се случил во Зона А на Западниот Брег, која е под административна контрола на Палестинската управа и во која, според израелскиот закон, на израелските цивили им е забранет пристап. Таа опфаќа помалку од една петтина од Западниот Брег.

Претседателот на месната заедница во Тал, Валид Зидан, изјави дека судирот бил предизвикан од еврејските доселеници, кои намерно го провоцирале селото.

„Спротивно на нивните тврдења, доселениците не следеа никаква рута или патека. Тие имаа намера да ги нападнат куќите. Селаните не бараа судир. Тие едноставно ги бранеа своите домови“, рече Зидан.

Тој додаде дека околу 70 жители на селото биле уапсени и испрашувани, а десетмина биле ослободени, додека „претресите продолжуваат, воените патроли се движат по улиците и никој друг не смее да се движи“.

Началникот на Генералштабот на израелската војска, генералот Ејал Замир, изјави дека целта на операцијата по пукањето била „спротивставување на тероризмот, обезбедување на безбедноста на израелските цивили и спречување натамошна ескалација“.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се заколна на одмазда, вклучително и уривање на куќата на семејството на еден од вмешаните Палестинци.

Неговиот кабинет, исто така, најави дека ќе ја забрза постапката за одобрување изградба на нови населби за еврејските доселеници во таа област.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ